Аталанта рутински ја победи Специја со 3:1, како загревање за најважниот меч сезонава, реваншот во осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид на 16. март.
Аутсајдерот издржа само едно полувреме, а потоа следеше гол-серија на Аталанта. Марио Пашалиќ постигна два гола, а еден и тоа мајсторски даде Луис Мјуриел.
Напаѓачот на Аталанта го постигна вториот гол на мечот и тоа само 60 секунди по прецизниот удар на Пашалиќ, а Специја беше нокаутирана за само една минута.
Прекрасниот погодок на Мјуриел можете да го погледнете ОВДЕ.
Гостите кои се борат за опстанок во историската за нив прва сезона во Серија А постигнаа смо почесен гол, а стрелец беше Пиколи во 82. минута.