Специјал на Sport Life: Халанд му даде шест гола на Лајпциг како играч на Борусија, фаворит е и вечерва, ќе ја продолжи серијата и тоа како играч на Сити

Специјалниот синлг на Sport Life за осминафиналната пресметка меѓу Ред Бул Лајпциг и Манчестер сити, стандардно, нуди богата лепеза на различни игри за сечиј вкус на обложувачите.

Во фокусот на дуелот што ќе се игра на „Ред Бул арената“ ќе биде норвешката машина за голови, Ерлинг Халанд.

Халанд додека настапуваше за Борусија Дортмунд, редовно му даваше голови на Лајпциг.

Норвежанецот на три меча од Бундеслигата му даде четири гола на Лајпциг и уште два во Купот на Германија.

Токму Халанд е фаворит да го постигне првиот гол вечерва и квотата за тоа изнесува 3.50, а да постигне гол во текот на натпреварот е 1,70. Најмала е и квотата за играта Халанд да постигне гол и неговиот тим да слави, 2.40.

Според квотите, голови може да се очекуваат и од Хулијан Алварес, Ријад Марез, Фил Фоден и Кевин де Бројне.

Главен адут на германскиот тим е Андре Силва, за кого има квота од 7.00 за тој да биде прв стрелец на натпреварот, а 2.85 за да се запише во листата на стрелци.

Според квотите, Манчестер сити е фаворит и квотата за „двојката“ изнесува 1.80, додека за триумф на Лајпциг е 4.30.

Со специјалниот сингл на Sport Life може да се погодува и резултатот во 15-тата, 30-тата и 60-тата минута. За оние коишто не сакаат многу да чекаат, тука се игрите прв аут, прв корнер, прв жолт картон, прва замена…

Може да одиграте и колку вкупно корнери ќе бидат изведени од двете екипи или посебно за секоја од екипите. Истите игри се и за бројот на жолти картони, офсајди, фаули…

Може да се одигра и на вкупно удари во рамките на голот, како и тоа во кој период ќе биде постигнат првиот погодок.

- Оглас -

Најнови вести