Специјал на Sport Life: Јунајтед на првиот меч остана без победа поради два автогола, квотите се одлични и вечерва да биде постигнат гол на идентичен начин

Sport Life за денеска подготви Специјален сингл со голем број нестандардни игри за реванш-натпреварот од Лигата на Европа меѓу Севилја и Манчестер јунајтед.

Иако реваншот се игра во Севилја, Манчестер јунајтед е фаворит и квотата за двојка изнесува 2.10, додека таа за триумф на домаќинот е 3.60.

Првиот натпревар на „Олд Трафорд“ заврши без победник 2:2, иако Црвените ѓаволи имаа предност од два гола по првото полувреме, но во финишот од мечот, Севилја дојде до израмнување, и тоа на невообичен начин, со два автогола на играчите на англискиот тим.

Интересна е квотата повторно да има автогол и вечерва ако првиот гол биде постигнат на овој начин, квотата изнесува 18, а ако некој играч во текот на натпреварот си ја затресе сопствената мрежа, тогаш таа е 7.00.

Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд, беше тивок во првиот меч, но сега е главен фаворит да биде прв стрелец (5.00), а голови може да се очекуваат и од Антоан Марсијал (5.50) како и од Антони (6.00). КајСевилја, главна опасност по голот на Давид де Хеа ќе бидат Ен-Несири (6.00) и Рафа Мир (7.00).

Со специјалниот сингл на Sport Life може да се погодува и времето кога ќе биде постигнат првиот гол, а за оние коишто не сакаат многу да чекаат, тука се игрите прв аут, прв корнер, прв жолт картон, прва замена…

Може да се погодува резултатот по 15 минути игра, по 30 и по 60 минути игра, начинот на кој ќе биде постигнат првиот гол, дали ќе има пенал.

Може да одиграте и колку вкупно корнери ќе бидат изведени од двете екипи или посебно за секоја од екипите. Истите игри се и за бројот на жолти картони, офсајди, фаули…

- Оглас -

Најнови вести