Англичаните се единствената репрезентација на Мундијалот во Катар што се уште нема добиено картон, ниту жолт, ниту црвен, но вечерва ќе биде на најголемото можно искушение и четвртфинален меч против светскиот првак Франција.
Гордиот Албион ќе мора да го сопре Килијан Мбапе, кој е многу брз и екстра квалитетен напаѓач, па јасно е дека пред се Кајл Вокер кој ќе биде директен чувар, но и останатите англиски репрезентативци ќе имаат многу проблеми.
И од спротивната страна е брзиот Осман Дембеле, тука се и Гризман, Жиру, а и Англија има многу квалитетни и брзи фудбалери од калибарот на Сака, Фоден, искусниот Кејн… и сигурно ќе има жестоки стартови и многу битка на терен.
Коефициентите за жолти картони се интересно поставени, а можеби добар избор е Англија прва да добие жолт картон, со коефициент од 1.90 во Специјалниот сингл на Sport Life.
Иста е квотата и за Франција да добие прв жолт картон, а имате избор да одиграте и на црвени картони, на пенали, на вкупно корнери, удари на гол, начин на кој ќе падне првиот погодок и уште една дузина многу привлечни игри.
Стандардно во богатата понуда со Специјалниот сингл на Sport Life, вечерва до 19.55 часот можете да се обложувате и на стрелци за мечот меѓу Франција и Англија.
Мбапе и тука е главен фаворит и има четири варијанти на кои можете да се обложите на првиот стрелец на Мундијалот, кој досега даде 5 гола во Катар.
Килијан да го даде првиот гол на мечот против Англија е со квота 5.00, да погоди во било кој момент од натпреварот е со коефициент 2.60, а за да даде два, или повеќе погодоци квотата е точно 10.
Може да одиграте варијанта и Мбапе да биде стрелец, а Франција да победи и за таа комбинација во Sport Life коефициентот е 4.00.
Вкупно во понудата можете да се обложувате на 14 фудбалери од двете селекции за прв стрелец, стрелец било кога и повеќекратен стрелец на големото дерби од 20 часот.