Вечерва се играат уште два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампионите за кои Sport Life подготви специјални синглови со различни игри за сечиј вкус на обложувачите.
Во фокусот ќе биде натпреварот што треба да се игра на „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд, каде што Борусија го пречекува Челзи.
Според квотите, Борусија е благ фаворит и квотата за „кецот“ изнесува 2.50, додека за триумф на Сините е 2.95. Интересно е што досега овие две екипи не играле ниту еднаш меѓу себе.
Има безброј интересни игри што може да се одиграат како сингл, но и да се комбинираат на тикет, а најмногу внимание кај обложувачите привлекува листата со стрелци.
Прв фаворит за да го отвори резултатот на натпреварот со прв погодок е Себастијан Але и ако токму напаѓачот на Борусија го даде првиот гол и ја одиграте таа варијанта, ќе си ја помножите уплатата со коефициент 6. Але неодамна објави дека ја победи тешката болест, ракот на тестисите, и веќе почна да ги тресе мрежите во Бундеслигата.
Главен адут на Челзи за постигнување голови е засилувањето од Атлетико Мадрид, Жоао Феликс и квотата за тој да го отвори резултатот изнесува 7.
Со специјалниот сингл на Sport Life може да се погодува и резултатот во 15-тата, 30-тата и 60-тата минута. За оние коишто не сакаат многу да чекаат, тука се игрите прв аут, прв корнер, прв жолт картон, прва замена…
Може да одиграте и колку вкупно корнери ќе бидат изведени од двете екипи или посебно за секоја од екипите. Истите игри се и за бројот на жолти картони, офсајди, фаули…
Може да се одигра и на вкупно удари во рамките на голот, како и тоа во кој период ќе биде постигнат првиот погодок.
Во вториот натпревар играат Бриж и Бенфика, а тука португалскиот тим ја има фаворитската улога. Главна опасност за голот на белгискиот тим се очекува да биде Гонсало Рамос, за кого квотата да го постигне првиот гол на средбата изнесува 5, додека таа неговиот тим да слави и тој да даде гол е уште помала и изнесува 3.25.
И тука во богатата понуда на игри и опции може да се игра на бројот на корнери, кој ќе го изведе првиот корнер, кој ќе го добие првиот жолт картон, дали ќе има црвен картон, како и дали ќе има пенал.