Специјалниот сингл на Sport Life за денешниот меч од Лигата на шампионите е дуелот од групата Д што ќе се игра на „Велодром“ меѓу Олимпик Марсеј и Тотенхем. Тој е богат со различни игри за сечиј вкус на прогнозерите и во одредени комбинации можат да се одиграат и на ист тикет.
Може да се игра на победник и на стрелец од тимот за којшто мислите дека ќе ги освои бодовите, кој ќе има почетен удар, потоа на резултат во одреден интервал од мечот, на удари во рамките на голот за двете екипи, на број на жолти картони, дали ќе има пенал, црвен картон, колку корнери, како ќе биде постигнат првиот гол на мечот, кој ќе го даде првиот гол и дузина други интересни игри што можете да ги играте и како сингл во Sport Life.
Особено интересна изгледа играта на стрелци и тука можете да играте на прв стрелец, односно кој ќе го даде првиот гол на мечот, или на стрелец во текот на мечот, како и начинот на кој ќе падне првиот гол или време на прв гол. Квотата дека Хари Кејн ќе го постигне првиот гол на натпреварот изнесува 4.5 и дека ќе има повеќекратен стрелец е 3.75.
Посебно интересна е понудата за бројот на корнери, за шутеви во гол, офсајди, пенал и црвен картон. Квотата дека Тотенхем, кој мора да победи доколку сака да биде сигурен патник во осминафиналето, ќе има повеќе од 4,5 шутеви и во рамките на голот на Марсеј е 1.95.
За нетрпеливите на кои не им се чека крајот на средбата, тука се и игрите да се погоди каков ќе биде резултатот по 15, 30 или 60 минути, а има и комбинација на конечен тип со стрелец.