Дуелот на Ливерпул и Вилјареал од полуфиналето на фудбалската Лига на шампиони, е главниот спортски настан денеска, па затоа и најголем дел од уплатите на обложувачите во Sport Life се на овој натпревар.
На обложувачите не им е лесно да одберат што да играат, бидејќи во Специјалниот сингл, се нудат огромен број на игри.
Една од поинтересните работи кои упаѓаат во очи е дека помала е квотата почетен удар да има Вилјареал, отколку Ливерпул. Што е тоа што ја фаворизира Жолтата подморница? Одговорот е традицијата. Ако фрлањето на паричката одреди Ливерпул прв да бира, капитенот на Црвените обично бира страна, а на противниците им дозволува да го имаат почетниот удар.
Затоа, квотата дека Вилјареал ќе го има почетниот удар е 1.70, а за Ливерпул е 2.10.
На вчерашното незаборавно полуфинале во кое паднаа седум гола, првиот гол падна со шут со глава. За вечерва, квотата дека првиот гол ќе биде со глава е 5.50.