Штета што ќе го нема Александер Исак на денешниот меч против неговиот поранешен тим од кој си замина со рекордно скап трансфер, но средбата на Ливерпул и Њукасл ќе биде многу интересна за типување.
Во Специјалот на Sport Life има многу нестандардни игри со кои може да си го зголемите уживањето следејќи го мечот.
Уго Екитике е фаворит за прв стрелец на мечот. Во август кога Ливерпул победи со драматични 3-2 на „Сент Џејмс парк“, Екитике беше стрелец на вториот гол. Првиот го даде Гравенберх, а победничкиот во 100-та минута беше дело на 17-годишниот Нгумоха.
На тој меч во Њукасл, имаше и црвен картон кој го доби Ентони Гордон. Квотата за некој играч на Чавките да биде исклучен вечерва е 7.50.
Освен на стрелци и комбинација победа со стрелец во тек на мечот, тука се и бројните игри на жолти картони, корнери, шутеви во рамки на гол, фаули, офсајди, како и почетен удар, прва замена, итн.


