Жозе Мурињо е во Скопје заедно со тимот на Тотенхем, каде што вечерва на арената „Тодор Проески“ ќе ги одмери силите со Шкендија во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа. Премиерлигашот е сместен во хотелот „Хилтон“, каде што пристап до Мурињо доби само еден наш новинар.
Од него Специјалниот си доби подарок книга „Македонска империја“, за историјата и потеклото на македонскиот народ. Заедно со книгата Мурињо доби уште еден подарок, знамето Кутлеш со сонцето од Вергина, првото знаме на нашата земја.
https://twitter.com/SpursOfficial/status/1309041971835613184
Жозе во слободно време ќе може да поднаучи барем малку за историјата на македонската земја и народот. Инаку, минатата недела, кога Тотенхем гостуваше во Пловдив во мечот против Локомотив, Мурињо доби подарок автобиографска книга на Христо Стоичков, најдобриот фудбалер во бугарската историја.