Дербито од италијанската Серија А помеѓу Рома и Интер, сегашниот и некогашниот клуб на Жозе Мурињо, е мечот за кој е посветен денешниот Специјален сингл на Sport Life.
Има голем број опции за обложување, а една од нив е и да се погоди прв стрелец и кој играч ќе даде гол во текот на средбата. Фаворит за прв стрелец е Лаутаро Мартинес од Интер, а меѓу интеристите кои се во понудата, ги има и Един Џеко и Хенрих Мхитарјан, кои во минатото беа играчи на Рома, а вечерва му гостуваат на својот екс клуб.
Ерменецот како играч на Волчицата, има давано голови против неговиот сегашен тим, а тој и Џеко го чекаат својот прв гол во дресот на Интер против Рома.
Рома на свој терен, уште од октомври 2016 нема победа над Интер, на тој меч Босанецот Џеко го даде првиот гол за Рома. Но, Рома есеноска славеше во Милано против Интер со 2-1, па има шанса да собере шест бода од дуелите со Нераѕурите кои в среда ги чека градско дерби од полуфиналето на Лигата на шампионите.
Освен што може да погодувате стрелци, тука ви се и игрите за број на корнери, време на прв гол, картони, кој тим ќе ја има првата замена, и кој тим прв ќе изведе пенал. Квотите за пеналите се одлични, само треба да „намирисате“ дали ќе има пенал и кој тим ќе го шутне.