Левиот бек Леонардо Спинацола кој беше еден од најдобрите играчи во италијанската репрезентација на Европското првенство, нема да игра во финалето против Англија, бидејќи има тешка повреда и беше опериран пред неколку дена, но вети дека утревечер ќе биде присутен на „Вембли“ за да им даде поддршка на неговите соиграчи.
„Ќе бидам на Вембли, и со патерици ќе навивам за моите соиграчи. Ако победиме, ќе се симнам долу на терен да славам со соиграчите. Ако треба, и ќе потскокнувам на една нога, иако сопругата постојано ми зборува да внимавам. Оваа репрезентација е како едно големо семејство“ – порача популарниот Спина.