Леонардо Спинацола по успешно извршената операција на Ахиловата тетива на левата нога, се огласи од болницата во Финска, каде што му беше направен хируршкиот зафат.
„Сè помина во најдобар ред, операцијата беше успешна. Им благодарам на сите за поддршката и пораките. Одбројувањето почна, одиме!“, напиша Спинацола на објавената фотографија од болнички кревет.
Бекот на Италија беше еден од најдобрите играчи во составот на Манчини пред да се повреди во четвртфиналето против Белгија, а сега му следува рехабилитација и пауза до седум месеци.
На негово место веројатно ќе игра Емерсон Палмиери, а Италија ќе се обиде да стигне до ново финале на ЕП, по она во 2012 година, кое го загуби токму од Шпанија, вечерашниот противник на Аѕурите.