Сплит гори, Хајдук го победи Динамо, Трајковски асистент на голот (Видео)

Хајдук го победи Динамо Загреб со 1-0 во големото дерби на хрватската лига. На преполниот „Пољуд“, домашните славеа со гол на поранешниот играч на Работнички, Емир Сахити, а асистент беше Александар Трајковски кој влезе во игра на почетокот на второто полувреме.

Кај Динамо половина час играше Аријан Адеми, а Стефан Ристовски поради повреда го пропушти дербито.

Сега Хајдук е лидер на табелата, со два бода пред Риека и пет пред Динамо, со тоа што загрепските Модри имаат и еден меч помалку.

Погледнете го матот во три потези и акцијата Лучиќ-Трајковски-Сахити:

https://twitter.com/i/status/1708533038894784603

- Оглас -

Најнови вести