Уште само еден ден ви останува да ги дадете вашите прогнози во деветтото коло на Спортска прогноза. Вкупно 13 парови се на понудата, а доколку успеете да ги погодите сите, тогаш ќе бидете добитник на главната неделна премија, а тоа е мобилен телефон „ајфон 12“.
Подароци има и за оние што ќе бидат блиску до Среќна 13-ка. За 12 погодоци добивате вредносен ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за 11-ка ваучерот изнесува 500 денари.
Во понудата за овој викенд има неколку големи фаворити. По 75 отсто шанси за победа, прогнозерите даваат на Барселона против Валенсија и на Манчестер јунајтед на гостувањето кај Лестер. Јувентус е голем фаворит против Рома и над 65 отсто оечкуваат „кец“. Во второто италијанско дерби, Интер има поголеми шанси од Лацио, иако Нераѕурите играат на „Олимпико“ во Рим.
Ако досега не сте прогнозирале, сега е одлично време да ги одиграте вашите типови за ова коло.