Спорен гол на Мусијала за водство на Германија на полувремето против Унгарија (Видео)

Репрезентацијата на Германија има водство од 1-0 после првото полувреме на дуелот против Унгарија. Домаќинот на Европското првенство доколку успее да победи ќе биде првиот сигурен учесник во осминафиналето.

Единствениот гол во првите 45 минути во Штутгарт беше дело на Џером Мусијала во 22-рата минута. Сепак, овој гол ќе предизвика многу полемики, бидејќи се чини дека Гундоган направи фаул, но главниот судија и ВАР останаа неми во оваа ситуација.

Германија иако беше подобар противник, одлични шанси за погодок имаше и селекцијата на Унгарија, но одличниот Мануел Нојер не дозволи да биде совладан. Во втората минута од судиското продолжение, Шалаи успеа да постигне погодок, но тој беше поништен поради офсајд позиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести