Спорно или не, Баерн со пенал го елиминира Вердер за финале во Купот

Со контроверзен пенал што во 80-тата минута го реализира Роберт Левандовски, Баерн успеа да слави во Бремен против Вердер со 3-2 и да се пласира во финалето на Германскиот куп.

Во многу интересен меч гостите од Минхен водеа со 2-0 со головите на Левандовски и на Горецка, но потоа набрзина дојде од израмнување.

Осако и Рашица во кус период само од 60 секунди израмнија на 2-2, а потоа дојде и спорниот момент. Теодор Гебресиласие беше во дуел со Коман, а судијата Сиберт досуди пенал за Баерн. Домаќините протестираа, но Левандовски остана смирен и погоди за победа од 3-2.

Вчера Лајпциг со победа од 3-1 против Хамбургер си обезбеди настап во финалето на Германскиот куп и ќе игра во Берлин против Баерн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

1 КОМЕНТАР

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести