Мечевите од 16 часот кои се играат на Светското првенство во фудбал треба да го одредат 15-тиот патник во осминафиналето, па затоа дуелот на Гана и Уругвај е посебно интересен, особено што овие селекции си имаат и историја.
Пред 12 години, Луис Суарес, во 90-тата минута со рака спречи Гана да даде гол кој ќе ја направеше прва африканска селекција која стигнала до полуфинале на СП. Гана го утна пеналот, а потоа загуби од Уругвај. Суарес одби да им се извини за потегот, па во Гана се екстра мотивирани попладнево да го елиминираат Уругвај.
Уругвај има силен напад предводен од скапиот играч на Ливерпул, Дарвин Нуњез, и ветераните Суарес и Единсон Кавани, но во првите две кола Уругвајците не постигнаа ниту еден гол. Денеска мора да победат ако сакаат осминафинале, каде што ги чека Бразил. За да победат, мора да дадат барем еден гол, а квотата во Sport Life дека Уругвај ќе даде два гола е 1.89.
Гана во првите две кола по еднаш победи и загуби со 3-2, а квотата дека и денеска ќе има барем пет гола е 7.25.
Во специјалниот сингл на Sport Life имате безброј опции за обложување, од тоа кој ќе го има почетниот удар, до погодување на сите детали и статистики кои ги нуди еден фудбалски натпревар.
Треба да се знае и дека шутевите во статива ФИФА не ги смета за удари во рамките на голот, па ако играте на број на удари во рамки на гол, имајте го податокот на ум.
Истите игри и опции за обложување ги има и за другиот меч од 16 часот, а тоа е Јужна Кореја – Португалија. На Корејците им треба победа, а за Португалија и реми е доволно за прво место, кое носи осминафинале со Србија, Швајцарија или Камерун.
Кристијано Роналдо е прв фаворит за прв стрелец на мечот, но деновиве не тренираше редовно и можеби нема да игра од прва минута, па тоа е шанса да добиете поголема квота ако го погодите првиот стрелец, а да не е првата ѕвезда на Португалија.
За Португалија имаше пенали и во првото и во второто коло, ако верувате дека и денеска ќе има пенал за нив, тоа ви носи квота од 4.00.