Sport Life отвори, време е за тикет!

ФЕРЕНЦВАРОШ – ЗАЛАЕГЕРШЕГ (14ч.)

Лидерот во унгарското првенство, тимот на Ференцварош ќе го „скрши мразот“ и ќе одигра пријателски меч по два месеци пауза на шампионатот во оваа земја. Противник на унгарскиот гигант ќе биде Залаегершег, против кого играа на 7 март во првенството и резултатот беше 1:1.

Веќе е традицијата дека на последните 16 меѓусебни дуели секогаш имало барем два гола, а дури 11 пати било 3+. Иако Ференцварош важи за голем фаворит, факт е дека во последните 16 меча само двапати се случило Залаегершег да не постигне барем еден гол, што значи дека во најава е натпревар со погодоци на двете страни.

Предлог тип: 4+ (2.08)

 

ЗЕМУН – ЧУКАРИЧКИ (18ч.)

И Србите денеска прават сефте по прогласувањето на корона-вирусот. Второлигашот Земун ќе го пречека Чукарички. Реално не треба да има дилеми дека гостите ќе победат на овој пријателски меч затоа што Земун е во долниот дел од табелата и во Прва лига, кое е второ по ранг натпреварување во Србија.

Суперлигашот Чукарички треба да покаже дека со нетрпение го очекува продолжувањето на првенството во кое може да се избори за излез и во квалификациите за Лигата на Европа.

Предлог тип: 2&3+ (1.64)

 

БРНО – УНИЦОВ (17:30ч.)

Брно е тим кој до прекинот во првенството на Чешка беше на третото место на табелата во втората лига, само со три бода помалку од лидерот. Уницов е екипа која е дел од четвртата лига, па логично е дека домаќинот без проблем треба да победи.

Предлог тип: 1-1 (1.46)

 

НЕБИТЦИ – АХАЛ (14:30ч.)

Од цел свет денеска единствено мечеви од првенствен карактер има во Туркменистан. Ова е меч на кој фудбалерите на Ахал се апсолутни фаворити затоа што по досегашните шест кола, имаат пет победи и се лидери, додека домаќините се само со две победи и пет порази во долниот дел од табелата.

Ахал е тимот со најдобар напад и најсигурна одбрана, додека Небитци речиси и да нема меч на кој не прими барем еден погодок.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.08)

 

- Оглас -

Најнови вести