Ждрепката и календарот за новата сезона во европските фудбалски купови се направени, па Sport Life ги одреди квотите за титулите во трите натпреварувања на УЕФА.
Според букмејкерите, топ фаворит за трофејот во Лигата на шампионите е Манчестер сити. Ако уплатите на Сити, добивате квота од 3.50. Потоа следуваат актуелниот првак Реал Мадрид, Арсенал, Баерн Минхен, Ливерпул, Барселона, ПСЖ, Интер итн. Најмали шанси имаат Црвена ѕвезда и Слован Братислава, за кои квотата е дури 999.0.
Во Лигата на Европа главни фаворити се Тотенхем и Манчестер јунајтед, по што следуваат Рома, Реал Сосиедад, Атлетик Билбао, Порто, Лацио, итн.
Англиски тим е фаворит и во Конференциската лига, и тоа на Челзи квотата е само 2.65. Сините се најсилен тим на хартија во ова натпреварување, но долг е патот до трофејот, ќе треба да го заслужат на терен со добри резултати. Бетис и Фиорентина треба да бидат главни предизвикувачи на Сините.