Спорт Манија и Sport Life во хумана акција: Диџеј Панчо знае како до добитни тикети

Кога се прави комбинација на музички професионалец и спортски фанатик, веднаш првата асоцијација е на Диџеј Панчо, кој е дел и од дуото “DNK”. Човекот кој е посветен на музиката, но секогаш кога има слободно време ужива во спортот.

Последната спортска авантура Диџеј Панчо ја имаше пред неполни 10 дена, кога во живо го проследи дуелот од првото коло во Лигата на шампините меѓу Наполи и Ливерпул. Тој беше во Италија на покана на својот добар пријател Елиф Елмас, кој летово потпиша за италијанскиот калчолигаш.

Секогаш следењето на спортски настани е повозбудливо со тикет во Sport Life, а посебно кога се работи за добротворен тикет и пари наменети за помош на ранливите категории од македонското општество, па Панчо без размислување прифати да даде свој придонес.

ПРЕКРАСНО ИСКУСТВО Е ДА СЕ БИДЕ ВО ДРУШТВО СО СВЕТСКИ ФУДБАЛСКИ ЅВЕЗДИ

Пред да го состави добротворниот тикет, Диџеј Панчо ги сподели импресиите од гостувањето во Неапол на дуелот Наполи – Ливерпул.

„Бев во Неапол и си поминав незаборавно, а тоа е најмногу благодарение на Елиф Елмас. Му благодарам за можноста која ми ја даде. И да замислував, немаше да испадне толку добро. Прекрасно е чувството да излезеш од ист тунел со самите играчи на Наполи и Ливерпул и да ги гледаш само на неколку метри од тебе“, вели музичарот пренесувајќи дел од импресиите.

На тој меч, Наполи победи со 2:0, а Елмас влезе во игра во 75-тата минута. По неговото влегување на теренот, Наполи ги даде двата гола и го нокаутираше актуелниот европски првак.

„Не е мала работа да дебитираш во Лигата на шампионите само на19 години, и тоа против европскиот првак. Елмас е огромен талент, тренер како Карло Анчелоти тоа многу добро го знае и затоа го фрла во оган“, додава Диџеј Панчо.

ДОНЕСЕТЕ ГО ЕЛМАС ВО РЕСТОРАНОТ, СИТЕ ЌЕ ДОБИЕТЕ ГРАТИС РУЧЕК ОД КУЌАТА

Иако Елмас е во Неапол само два месеци, тој е голема ѕвезда, а Диџеј Панчо лично се уверил во тоа.

„Тука во Македонија немаме престава колку е голем Елиф во Неапол. Добив дрес од него и го носев на една од прошетките низ градот. Седнавме во еден ресторан, дојде сопственикот и праша од каде сме. Му рековме дека сме со Елмас. Човекот кога слушна дека Елиф го знаеме, веднаш се понуди да ни даде бесплатен ручек на сите само да го доведеме Елмас да седне во тој ресторан. Сите премногу го сакаат и го почитуваат“, ја раскажува анегдодата Панчо.

ГОЛЕМ ПОДДРЖУВАЧ НА МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ

На многу од своите настапи како диџеј, но и како дел од дуото „DNK“, Панчо може да го забележиме во дресови на македонски спортисти.

„Јас генерално сум фан на спортот. Сакам да дадам максимално поддршка на нашите иако кај нас генерално секогаш се палиме на странците. Јас сакам да ги промовирам и нашите спортисти, па на многу концертни настапи сум во некој дрес на наш спортист. Верувам дека оваа фудбалска генерација е одлична и дека можеме да се бориме за настап на Европското првенство“, вели Панчо, кој додава дека е симпатизер на повеќе клубови, но навива само за фудбалскиот Вардар, кошаркарскиот МЗТ Скопје Аеродром и од странските клубови тука е Хајдук.

АХ ТИЕ ЈУВЕ И АТЛЕТИКО, „ИЗГОРЕА“ 16.000 ДЕНАРИ ЗА ЕДНО ГОЛЧЕ

Не е тајна дека Панчо знае да одигра и по некој тикет во обложувалниците на Sport Life. Како и секој обложувач, има добивки, но има и такви тикети каде што е „само за едно голче“.  Панчо со задоволство прифати да учествува во акцијата за составување добротворен тикет во Sport Life , а открива дека на последниот тикет добивката му избегала во 90-тата минута.

„Уплатив 200 денари и за добивка од 16.000 денари го утнав само Атлетико Мадрид – Јувентус. Одиграв 0-3 гола знаејќи дека двете екипи играат цврста одбрана. На полувремето беше 0:0, но во вториот дел се раздаваа голови, а последниот погодок поради кој ми изгоре ливчето падна во 90-тата минута. Секогаш играм во Sport Life и ја поздравувам акцијата за добротворен тикет и со задоволство ќе направам тикет кој се надевам дека ќе биде добитен“, заврши Диџеј Панчо, а во продолжение видете го неговиот добротворен тикет уплатен на 500 денари од Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести