Спортинг ја одреди цената за Ѓекереш, веќе е познато и во кој клуб ќе ја продолжи кариерата

Шведскиот репрезентативец и член на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓекереш, во моментов е најдобриот стрелец во Европа, но и најбаран напаѓач од европските гиганти. Арсенал, Челзи, ПСЖ, Барселона и Манчестер јунајтед ги посакуваат неговите услуги, а откупната клаузула му е 100 милиони евра.

Сепак, раководството на Спортинг одлучи да ја намали цената и да го продаде на екипата која ќе понуди 70 милиони евра, но се чини дека Ѓекереш веќе има одлучено каде ќе ја продолжи кариерата. Според шпекулациите тој ќе се пресели во Манчестер јунајтед, каде неодамна замина и неговиот тренер доскорешен тренер во Спортинг, Рубен Аморим.

Не е исклучено трансферот да се реализира уште на зимава, иако самиот фудбалер најави дека оваа сезона ќе ја доигра во Спортинг Лисабон, па дури потоа ќе си замине.

- Оглас -

Најнови вести