Спортинг потврди – Ристовски останува до 2022, ќе има и поголема плата

Стефан Ристовски ќе потпише договор со Спортинг Лисабон, со кој се обврзува да остане во клбот до 2022 година, а португалските медиуми најавуваат и дека ќе биде награден со повисока плата.

Во моментов десниот бек на нашата репрезентација заработува по 18 илјади евра неделно, а со новиот договор, според информацијата на „О Жого“, ќе биде четвртиот најплатен играч на Спортинг со малку повеќе од 20 илјади евра неделна плата, или околу 80-100 илјади месечно.

Пред него ќе бидат само Матје, Коатес и Баталја, а со новиот договор Ристовски, според примањата, ќе ги прескокне Вендел и Акуња.

Нашиот репрезентативец е стандарден член на првата постава на Спортинг и од него се задоволни во клубот, па останува само формалност и продолжување на договорот за две години.

Ристовски пристигна во еден од трите португалски фудбалски гиганти во 2017 година од Риека и успеа да се наметне во Спортинг како еден од главните адути во клубот.

 

- Оглас -

Најнови вести