Сите спортисти на Летните олимписки игри во Париз добија мобилни телефони од „Самсунг“, кој е еден од спонзорите на игрите. Се шпекулираше дека спортистите од Северна Кореја не добиле вакви телефони, но организаторот на игрите потврди дека и 17-те учесници на оваа земја ги добиле телефоните на „Самсунг“.
По ваквата информација, веднаш следуваше барање на Владата на Јужна Кореја, од каде што е компанијата „Самсунг“, да им бидат одземени телефоните на спортистите од Северна Кореја на заминување од игрите бидејќи тоа ќе значи прекршување на санкциите на ООН кон оваа земја.
Според „Самсунг“, доколку се случи некој од спортистите од Северна Кореја да го земе телефонот во својата земја, тогаш тој ќе биде лоциран преку сигналот и веднаш ќе биде блокиран. Во моментов нема информација дали телефоните навистина им се одземени на спортистите од Северна Кореја кои го завршија настапот на Олимпијадата.