32.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Спортистите од Јужна Кореја од денеска се „подмладија“ за по една година!

Кога ќе се родеше бебе во Јужна Кореја, таму сметаа дека веќе има една година, и така се пресметуваше возраста на луѓето, но од денеска законот е сменет, и броењето е како секаде во светот.

Фудбалерот на Тотенхем, Хеунг Мин Сон, е роден на 8-ми јули 1992 година, и наскоро полни 31 година, но до вчера, во Кореја сметаа дека тој веќе има 31 години и на осми јули требаше да наполни 32 според тамошниот чуден закон.

Системот на сметање на годините во Кореја беше неверојатен. На 1 јануари, сите автоматски стануваа постари за една година, па така бебињата родени на 31 декември, утредента на 1 јануари имаа веќе по две години според корејските пресметки, една со самото раѓање и една би наполниле на првиот ден од нивата година.

- Оглас -

Најнови вести