Спортот загуби легенда, почина еден од највлијателните атлетичари на сите времиња! (Видео)

На 75-годишна возраст почина американскиот екс атлетичар Дик Фосбери, кој беше олимписки првак во 1968 година во Мексико сити, а токму на тие Олимписки игри, Фосбери засекогаш ја смени оваа дисциплина.

Дотогаш сите скокаа преку пречката со нозете или стомакот напред, а Фосбери беше иноватор тогаш само тој „обратно“, прво со главата и грбот кон летвичката, што му донесе резултат. Од тогаш, сите почнаа да скокаат во тој стил и тоа трае до ден денешен, и тешко дека некогаш ќе се смени и ќе се најде подобар начин за скокање во височина.

Затоа Фосбери се смета за еден од највлијателните атлетичари на сите времиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести