Спортска прогноза: Јуве мисли на Манчестер, а Милан сонува за победа во дербито

Четврото коло од Спортска прогноза е започнато и може да типувате. Во понудените 12 парови, има многу атрактивни дуели, а, секако, еден од оние кои привлекуваат најмногу внимание е дербито во Серија А меѓу Милан и Јувентус.

Актуелниот првак на Италија го има најдобриот старт во историјата, па нормално дека со 10 победи и само едно реми е лидер на табелата. Милан слабо го започна првенството, но тимот на Џенаро Гатузо сега е во низа од три триумфи. Кај „росонерите“ се врати победничкиот менталитет, а посебно ги радува тоа што се борат до последна минута. Благодарение на таа борбеност, Милан со голови во судиското надополнување се радуваше во дуелите со Џенова и Удинезе.

Двата тима имаат и европски обврски. Јувентус вечерва во Торино го пречекува Манчестер јунајтед, додека Милан утре во Лигата на Европа гостува кај Бетис. „Росонерите“ сигурно многу повеќе ќе се фокусираат на дербито во Серија А и обидот да му го нанесат првиот пораз на Јувентус.

„Старата дама“ доминира и победува во сите пет последни меча против Милан. Играчки гледано, Јувентус е посилен и покомпактен тим, но моменталната инспирација и добрата форма во која се „росонерите“ може да донесе неизвесен меч.

Правила

  • Прогнозерот со погодени 12 натпревари добива телефон Samsung Galaxy A6 2018.
  • Доколку 2 или повеќе ги погодат сите натпревари во едно коло, подарокот ќе се подели – ќе бидат доделени ваучери од Sport Life во вкупна вредност од 15.000 (ако има двајца добитници, ќе добијат ваучери во вредност од 7.500 денари, тројца по 5.000 денари).
  • За погодени 11 натпревари – ваучер од 1.000 денари.
  • За погодени 10 натпревари – ваучер од 500 денари.
  • За погодени 9 натпревари – ваучер од 200 денари.

За учество во играта потребно е да сте фан на нашата facebook страница: facebook.com/SportManija

Секој корисник има право на една прогноза. Корисникот кој прогнозирал два или повеќе пати ќе биде дисквалификуван за тековното коло.

Ваучерите се активираат исклучиво на Sport Life клуб-картичка.

Во конкуренција се прогнозите испратени пред почетокот на првиот натпревар.

 

- Оглас -

Најнови вести