Мобилниот телефон iPhone XS уште го чека својот прв сопственик, а уште не се нашол и прогнозер кој ќе успее да го добие вториот мобилен телефон Samsung Galaxy A6 во играта на Спортска прогноза. Досега само Игор Данилов успеа да погоди 12 мечеви и стана сопственик на Samsung Galaxy A6.
Новото коло на Спортска прогноза веќе може да се прогнозира, а повторно ви нудиме 13 интересни натпревари. Среќна 13-ка ќе ве одведе до мобилниот телефон iPhone XS, а едно промашување е доволно за Samsung Galaxy A6. Стандардно, во секое коло има и вредносни ваучери од обложувалниците на Sport Life, и тоа за 11 и 10 погодоци.
Еден од оние дуели кои се очекува да биде меѓу понеизвесните ќе се игра во Фиренца. Фиорентина е домаќин на Лацио, а „виолетовите“ се надеваат дека може да се вратат во трка за шестото место кое води за излез во Европа. Сепак, формата на домаќините е загрижувачка, бидејќи победиле само еднаш во последните пет средби во Серија А. Дури и традицијата во мечевите со Лацио не е на нивна страна.
Римскиот тим го знае „лекот“ за тоа како да се победи Фиорентина, па во последните 11 меча, „небесносините“ се имаат израдувано дури на осум победи. Тоа значи дека „двојката“ е како една реална опција за овој пар, но не треба да се заборави и тоа дека Фиорентина во 12 средби на свој терен има само два порази.
Освен дуелот Фиорентина – Лацио, има уште 12 интересни мечеви за прогнозирање, па затоа побрзајте со вашите предлози за тоа како ќе завршат одбраните средби.
Немојте да го пропуштите ова коло и од едноставна причина бидејќи со секое типување имаше шанса повеќе за подобар пласман во Генерален пласман, каде што исто така се добиваат вредни подароци.