Игор го проби мразот со Samsung Galaxy A6 и порача: Играјте Спортска прогноза, секому може да му се насмевне среќата

Игор Данилов имаше одличен сенс во четвртото пролетно коло во нашата бесплатна игра „Спортска прогноза“, прв го проби мразот и доби мобилен телефон Samsung Galaxy A6, а вели дека следен голем предизвик му е да има максимален учинок и да ги погоди сите 13 двојки, што ја носи главната премија IPhone XS.

„Спортска прогноза на Спорт Манија почнав да играм уште од самиот почеток. Редовно типувам и ги следам натпреварите за тековниот викенд. Ги гледам и ги анализирам уште од среда и четврток, а најчесто типувам во петок и сабота, пред да почнат дуелите. Што се однесува за четвртото коло, бев успешен, од 13 натпревари погодив 12.

Го утнав дуелот помеѓу Валенсија и Реал Сосиедад. Типував за да победи домаќинот бидејќи Валенсија е екипа со огромно реноме и ми е една од омилените во шпанската лига. Тој натпревар го следев директно и имав претчувство дека ќе заврши 0-0, тактички беше многу тврда играта, се забележуваше дека многу тешко ќе постигне гол една од екипите. Валенсија беше причина што не успеав да погодам 13 од 13 за да го добијам мобилниот телефон iPhone XS.

Но, како и да е, презадоволен и пресреќен сум и од тоа што добив Samsung Galaxy A6“, вели првиот добитник на мобилен телефон во нашата игра.

Вели дека „Спортската прогноза“ е вистинско освежување, лесно се игра и е бесплатно типување за вредни награди.

„Голема благодарност до Спорт Манија и до обложувалниците на  Sport Life. Продолжувам и понатаму да типувам, типувајте и Вие, никогаш ништо не се знае, секому може да му се насмевне среќата. Играта е супер, забавна е и не одзема многу време, а може да се добие вредна награда“, додава Игор Данилов.

Му честитаме на Игор, а натпреварите од следното коло можете да ги прогнозирате тука.

 

- Оглас -

Најнови вести