Спортска прогноза: Интер и Рома е дербито од саботната понуда

Меѓу неколкуте интересни средби кои ќе го одбележат новото коло на Спортската прогноза на Спорт Манија, големо внимание привлекува и пресметката во Милано помеѓу Интер и Рома.

Екипата на Рома е во мини-серија од две победи по ред, двете со по 1-0, додека Интер во последните три кола освои седум бода. Интер како домаќин нема победа уште од десетти март. Римјаните на претходните две гостувања кај Интер имаат победа и реми, па можеби сега е ред „нераѕурите“ да слават за да се заокружи кругот.

Иако не треба да се очекува меч во кој ќе изобилуваат голови, сепак не би требало да заврши 0-0. Со најнепопуларниот резултат, овие два тима во Милано последен пат играле во септември 2011.

Интер е трети и има шест бода повеќе од петтата Рома, но „римската волчица“ е тим со повеќе постигнати и примени голови во однос на ривалот.

Во минатото коло за малку не беше доделен мобилниот телефон Samsung Galaxy A6 2018, кој се доделува за 12 погодоци. Максимални 13 погодоци, односно „Среќна 13-ка“ носи мобилен телефон iPhone XS.

Сите редовни играчи не смее да го пропуштат колото за да останат со поголеми шанси во трката за Генерален пласман, каде што, исто така, има подароци за најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести