Второто коло на Спортска прогноза е во полн ек. Активирајте ја вашата Sport Life картичка, влезете на линкот за прогнозирање, типувајте на 13+2 мечеви и очекувајте вредни добивки. Во ова коло на понудата се мечеви од познатите европски лиги, па се очекува и задачата на прогнозерите да биде полесна.
Освен што го нудиме германското дерби меѓу Лајпциг и Баерн Минхен, може да типувате и на дуелот Манчестер јунајтед – Лестер во Премиер лигата. Црвените ѓаволи немаат победа во последните три меча и сите на „Олд Трафорд“ конечно очекуваат радост. Овој меч треба да биде и „пеналот“ за сите прогнозери, односно подарок за сигурен погодок.
Првиот меч се игра в сабота, на 14 септември во 15.30 часот и тоа е последниот рок во кој можете да типувате. Последната средба е закажана за понеделник од 21 часот.
БЕСПЛАТНО Е, А SPORT LIFE КАРТИЧКАТА Е ВАШАТА „ВИЗА“ ДО ОСВОЈУВАЊЕ НА I-PHONE XS
Спортска прогноза е бесплатна игра за сите оние коишто имаат картичка од Sport Life. Принципот е едноставен и има неколку чекори до успешна прогноза. Кликнете на следниот линк: ПРОГНОЗА, логирајте се со вашето корисничко име и лозинка на интернет-страницата на Sport Life.
Откако ќе кликнете за прогнозирање, ќе треба да го внесете бројот на вашата СЛ картичка. Потоа со клик на знакот што ќе го одиграте и за финиш на успешно завршената мисија треба само да ја снимите вашата прогноза и да бидете прецизни во типувањето.
Првата награда за погодени 13 двојки во основната понуда во секое коло ќе биде мобилен телефон I-Phone XS. Втората награда за 12 погодени парови е ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за единаесетка ваучер од 500 денари. Ќе има награди и изненадувања и во Генералниот пласман за најуспешните прогнозери, па затоа е важно да се учествува од самиот старт и да се биде редовен прогнозер.