Спортската прогноза во организација на Спорт Манија и Sport Life влегува во финалната фаза, а од завчера во тек за типување е претпоследното коло, во кое според важноста, можеби најинтересниот меч од понудата е оној од недела, во 15 часот, помеѓу Лацио и Аталанта.
Со финишот на Спортската прогноза кулминира и битката за врвот во Генералниот пласман, што носи вредни награди за најдобрите прогнозери во премиерната сезона на бесплатната и многу интересна игра. Затоа, играјте и не ги губете шансите за добивање на некоја награда.
До сабота попладне може да се одиграат 13 основни двојки на 16-тото коло на Спортска прогноза, плус два резервни пара кои се бодуваат во битката за Генерален пласман.
Наградите што ги доделуваат обложувалниците Sport Life за најдобрите во секое коло се исклучително прималиви, а премијата е „iPhone XS“. За да се подновите со еден од најдобрите мобилни телефони на пазарот треба да се погодат сите 13 парови.
За 12 погодени, добивате мобилен телефон „Samsung Galaxy A6 2018“, а единаесетките и десетките ги наградуваме со ваучери од Sport Life во вредност од 500, односно 200 денари.
Позицијата број 4 во Серија А што гарантира настап во Лигата на шампионите во моментов ја држи Аталанта. Но, по гостувањето на „Олимпико“, тоа може да се смени. Лацио е осми со четири бода помалку од Аталанта, па ако победи, останува со шанси. Лацио на претходниот домашен меч се посрамоти и загуби од Киево, а Аталанта, која последен пат го совладала Лацио во Рим пред пет години, има само еден пораз на последноте десет гостувања.