Дуелот меѓу двата најтрофејни клуба во Англија е дербито на Европа за овој викенд. Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе го пречека Ливерпул во еден од најпривлечните парови за прогнозирање на новото коло од Спортска прогноза. Двата клуба се во различна ситуација, но влогот е ист. Мора да се победи против најголемиот ривал.
Речиси како никогаш досега во Премиер лигата, Ливерпул е со шанса да ја освои титулата. Во најголем дел од првенството, „црвените“ беа лидери, но сега се на второто место со 65 бодови, колку што има и првопласираниот Манчестер сити, но „граѓаните“ имаат меч повеќе. За разлика од Ливерпул, Манчестер јунајтед со 51 освоен бод досега е во ситуација да се бори за четвртото место, кое е последно што води во Лигата на шампионите за следната сезона.
Пред малку повеќе од два месеца, односно на 16-ти декември, Ливерпул на „Енфилд роуд“ го растури Манчестер со 4-1. Сепак, сега ситуацијата е поинаква од тогаш. По тoј пораз на Јунајтед, отказ доби Жозе Мурињо, а на негово место беше доведен Оле Гунар Солскјер. Норвежанецот внесе „свежа крв“, па во досегашните 12 меча против англиски ривали, Манчестер има 11 победи и само едно реми. Победени беа Арсенал, Тотенхем и Челзи на гостински терен, што само покажува дека Манчестер ја подобри играта.
Сепак, сега ривал е Ливерпул, кој се бори за титулата. Гостите ќе мора да бркаат победа, нешто што не им успеало на „Олд Трафорд“ во Премиер лигата речиси пет години.
Ривалството на овие два клуба започнало уште во 19-ти век, а досега имаат одиграно 201 меч во различни натпреварувања. Манчестер има подобар биланс и досега се радувал на 80 победи, Ливерпул има 66 триумфи, а 55 средби завршиле без победник.
Освен дербито на Англија, на Спортска прогноза има уште 12 интересни двојки кои чекаат на вашето прогнозирање. Погодување на сите 13 парови, односно „Среќна 13-ка“ носи награда мобилен телефон iPhone XS. За 12 погодоци се добива мобилен телефон Samsung Galaxy A6 2018. Досега веќе доделивме еден ваков Samsung Galaxy A6 2018, и тоа на Игор Данилов пред две кола.
Награди има и за 11 и 10 погодени, а тоа се ваучери во вредност од по 500 и 200 денари од обложувалниците на Sport Life.
Затоа не чекајте, туку едноставно кликнете на Прогнозирај и бесплатно одберете ги вашите типови за ова коло.