Средбата помеѓу Евертон и Ватфорд (понеделник, 21 часот) во 16-тото коло во Премиер лигата дава посебно значење поради еден човек. Марко Силва, менаџерот на „карамелите“, неславно беше отпуштен од кормилото на Ватфорд на почетокот од 2018 година, иако пред стартот на сезоната 2017/18 потпиша двегодишен договор со екипата од „Викарејџ роуд“.
Не му беше потребно многу време да најде нов ангажман. Неговите стратешки квалитети ги препозна Евертон, па тимот од Ливерпул му даде нова шанса на Силва да се докажува во најатрактивното англиско првенство, а за три дена ќе има прилика да ги наплати сите нерасчистени сметки со Ватфорд.
Откако Ватфорд се врати во Премиер лигата во сезоната 2015/16, одигра шест меѓусебни средби против Евертон. Учинокот е подеднавко поделен, по две победи за двете екипи и две ремија, а дури и во гол-разликата се израмнети. На шесте меча и Евертон и Ватфорд бројат по девет погодоци.
Во поденелник, во 21 часот, овој дуел ќе го затвори 16-тото коло во Премиер лигата, а исто така ќе биде и последен дуел од новото коло на СПОРТСКА ПРОГНОЗА, кој може да одреди дали конечно ќе имаме добитник на „самсунг галакси А6“
Понудата за ова коло е составена од 12 меча од петте земји со најквалитетен клупски фудбал во Европа. Сите играчи на Спортска прогноза ќе имаат можност да прогнозираат до почетокот на средбата Барнли – Брајтон, кој се игра во сабота, од 16 часот. Во понеделник ќе се знае дали ќе има прогнозер(и) со погодени 12 парови и ќе станат први добитници на главната награда телефон „самсунг А6“.
Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.
По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.