Спортска прогноза: Останаа уште неколку часа за прогнозирање во 11-тото коло

Со почетокот на натпреварот меѓу Удинезе и Џенова во 15 часот, ќе заврши и прогнозирањето во 11-тото пролетно коло на Спортска прогноза. Ова е последна шанса за оние кои досега не ги дадоа своите прогнози да влезат во трката за мобилните телефони iPhone XS и Samsung Galaxy A6 кои се доделуваат за 13, односно 12 погодени парови.

За денес се предвидени уште три натпревари покрај средбата на Удинезе и Џенова. Во 18:30 часот започнува средбата меѓу Вест хем и Евертон во Премиер лигата, односно дуелот меѓу Селта Виго и Вилјареал во шпанскиот шампионат, а во вечерниот термин од 20:30 часот следува белгиското дерби меѓу Генк и Андерлехт.

Ова коло на Спортската прогноза ви го нуди овој меч да го типувате како дел од „Среќна 13-ка“. Доколку успеете да ги погодите сите 13 понудени парови, ќе бидете добитник на мобилен телефон iPhone XS. Мобилен телефон се добива и со едно утнато. Точно прогнозирани 12 парови ќе ве одведат до Samsung Galaxy A6 2018i.

И со 11 и 10 погодоци сте добитни. Тие ви носат вредносни ваучери од по 500 и 200 денари од Sport Life обложувалниците. Затоа, играјте Спортска проноза и очекувајте да добиете вредни подароци.

Колку сте поредовни играчи на Спортска прогноза, толку ви се поголеми и шансите да бидете меѓу најдобрите во Генералниот пласман, каде што исто така се доделуваат вредни подароци на крајот од сезоната.

- Оглас -

Најнови вести