Со мечевите Барнли – Брајтон во 16, и Валенсија – Севилја во 16.15 часот, стартува новата рунда од Спортската прогноза.
Спортската прогноза уште го чека првиот добитник на мобилниот телефон „Самсунг А6“ кој е главна награда, а можеби токму ова коло ќе биде успешно и некој прогнозер и ќе успее да ги погоди сите 12 парови кои ви ги понудивме.
Нема уште многу време за прогнозирање, првиот натпревар почнува веќе во 16 часот, а тоа е премиерлигашката пресметка на Барнли и Брајтон. Барнли е претпоследен и веќе му „гори под нозе“, а Брајтон кој има шест победи, е стабилен во средината на табелата. Кај домашните ќе ги нема Поуп и Ворд, а суспендиран кај гостите е Ирецот Дафи.
Барнли дома не победил од 22 септември наваму, а во минатата сезон, двата меѓусебни дуели на овие тимови завршија со најнепопуларниот резултат 0:0.
Дали токму овој викенд ќе имаме перфектен прогнозер, останува да чекаме до понеделник. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.
По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.