Новото коло од популарната и бесплатна игра на Спорт Манија, Спортската прогноза, веќе е во тек, а на 13 основни фудбалски парови, плус две резерви кои се бројат за генерален пласман, можете да типувате од денеска до сабота во 15.30 часот.
Наградите се привлечни, главната е „iPhone XS“, а тука е и мобилниот телефон „Samsung Galaxy A6 2018“. Има и ваучери во вредност од 500 и од 200 денари што ги доделуваат обложувалниците на Sport Life.
Од понудените саботни мечеви, тука се бундеслигашките битки на Борусија Менхенгладбах и Хофенхајм односно Херта и Штутгарт, потоа француските Бордо – Анже и Ремс – Ним, како и дуели од Англија (Кардиф – Кристал палас) и Шпанија (Алавес – Реал Сосиедад).
И во недела треба да го погодите исходот на шест меча. Најинтересно ќе биде во Рим, каде Лацио ја пречекува Аталанта, во дуел од Серија А на два тима кои се борат за место во Лигата на шампионите. И кај неделните двојки има мечеви од Германија, Шпанија и Франција.
Како за крај, во понеделник погоден фикс на дуелот од втората шпанска лига, Кадис – Малага, можеби ќе донесе некому вредна награда.
Колото започнува со дуели во Бундеслигата што ќе се играат во сабота, од 15.30 часот. Дотогаш можете да го одиграте новото издание на Спортската прогноза со 13 интересни двојки и два резервни, кои се сметаат во играта за Генерален пласман.