Викендов меѓу понудените парови на Спортската прогноза се наоѓа и едно од најголемите холандски дербија, пресметката на Феенорд и ПСВ Ајндховен.
Гостите се лидери на табелата со максимални 39 бода од 13 кола и ќе сакаат да ја продолжат триумфалната низа. Но, прво ќе треба да го заборават поразот од Барселона во Лигата на шампионите, по кој се зацврстија на дното, без шанси за место во Лигата на Европа.
Мотивите на Феенорд се да станат првиот тим кој ќе му одземе бодови на ПСВ. Ако победи, Феенорд ќе остане трет на табелата, но ќе има „само“ 10 бода помалку од тимот од Ајндховен. Најавите се дека во составот на Феенорд би можело да се појави и Робин ван Перси.
Ова се два тима кои немаат нерешено во последните пет меча во сите натпреварувања, а во меѓусебните лигашки пресметки, од веќе далечната 2010 година не било нерешено. Публиката на „Де Кајп“ ќе биде 12-тиот играч на домашните. Гордоста на клубот од градот со најголемото пристаниште е голема и ПСВ сигурно нема лесно да дојде до посакуваната цел.
Сѐ уште ја чекаме првата 12-ка, која носи и освојување на мобилен телефон „самсунг А6“. Дали токму овој викенд ќе имаме перфектен прогнозер, останува да чекаме до понеделник. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.
По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.