Во новото пролетно коло на Спортска прогноза, меѓу 13-те парови за прогнозирање има и едно возбудливо англиско дерби. Ливерпул на „Енфилд“ го пречекува Тотенхем во рамките од 32-рото коло во Премиер лигата, а тој дуел ќе биде тест за „црвените“ да докажат дека не се залудно во трка со Манчестер сити за шампионската титула.
Избраниците на Јирген Клоп ќе ја имаат фаворитската улога, но не поради тоа што засега се лидери во Премиер лигата, туку поради фактот што Ливерпул е непоразен на домашен терен во 36 последователни првенствени меча. Оваа низа трае од пред две сезони, така што Тотенхем ќе треба да одигра вонсериска партија за да приреди изненадување на „Енфлид“.
„Петлите“ последен пат на тло од Ливерпул се радуваа во 2011 година, а со погодоците на Модриќ и Ван дер Варт, Тотехнем славеше со 0-2. Оттогаш, само трипати успеале да останат непоразени како гости, издвојуваа ремија од 2-2, 1-1 и 0-0.
Ако се гледаат последните 10 меѓусебни средби во сите натпреварувања, Ливерпул има многу подобар биланс од Тотенхем, „црвените“ само еднаш претрпеа пораз (4-1 во деветтото коло од сезоната 2017/18).
По 31 натпревар во Премиер лигата, Ливерпул е на врвот на табелата со 76 бода, Манчестер сити има 74, но има и наптревар помалку, додека Тотенхем е на третото место со 61 бод.
Јасно е дека токму овој дуел ќе биде еден од потешките да се предвиди конечниот тип, а, секако, предизвик се и останатите 12 парови со кои може да се дојде до посакуваниот мобилен телефон iPhone XS.
Прогнозирањето е исклучително лесно, само треба да ја посетите страницата на Спорт Манија и во неколку едноставни чекори да прогнозирате 13+2 двојки за новото коло. Погледнете кои се паровите за новото коло и учествувајте во трката по награди и што подобар пласман во Генералниот пласман.