Спортска прогноза: Тотенхем го „реши“ Интер, на ред е Арсенал

Повеќе од 130 години трае ривалитетот на овие два клуба од главниот град на Англија. Првата средба меѓу Арсенал и Тотенхем е на 19-ти ноември во далечната 1887 година, а интересно е што тој меч не е завршен. Поради темница, дуелот бил прекинат на 15 минути до крајот, при водство на Тотенхем од 2-1.

Од тој натпревар во 1887 година досега, овие ривали се имаат сретнато вкупно 182 пати, а Арсенал е поуспешен. „Топчиите“ имаат 76 победи, Тотенхем се радувал 57 пати, а 49 средби завршиле нерешено.

Двете екипи се во одлична форма. Арсенал нема пораз на 17 средби по ред во сите натпреварувања, додека Тотенхем победи на шест средби во низа. Уште поважно за Тотенхем е тоа што ги доби важните средби против Челзи во Премиер лигата, а потоа го победи и Интер во Лигата на шампионите. Сега Тотенхем ќе има мисија да му го нанесе првиот пораз на Арсенал по повеќе од три месеци.

Интересно е што Тотенхем е единствениот тим во Премиер лигата што нема одиграно ниту еден нерешен меч, додека „топчиите“ имаат три ремија во последните четири средби во домашното првенство. Иако Арсенал ќе биде домаќин на неделниот меч, Тотенхем е екипата која сезонава е најсилна на гости. На осум гостувања, тимот на Марусио Покетино победи седум пати.

Лондонското дерби викендов е во понудата на седмото коло од Спортска прогноза, каде што сѐ уште ја чекаме првата 12-ка, која носи и освојување на мобилен телефон „самсунг А6“. Дали токму овој викенд ќе имаме перфектен прогнозер, останува да чекаме до понеделник. Секако, ќе има и вредносни ваучери за сите кои до крајот на викендот ќе погодат 11, 10 или 9 парови на СПОРТСКА ПРОГНОЗА.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

 

- Оглас -

Најнови вести