Спортска прогноза: Турција и Шведска го отвораат колото

Три саботни меча од Лигата на нациите може да ја отворат вратата кон евентуална 12-ка на Спортската прогноза и добивање на главната награда, телефон „Самсунг галакси А6“.

Од сите натпревари кои се предвидени да се одиграат викендов, избравме 12 парови кои можат да ви донесат ваучери од SPORT LIFE кои ќе можете да ги искористите за типување или, пак, понеделник ќе биде денот кога ќе се дознае дали овојпат ќе ја имаме и првата „12-ка“.

Колото го отвораат Турција и Шведска во сабота од 18, а дали ви оди прогнозирњето на репрезентациите, ќе се знае вечерта кога ќе завршат и другите два меча во понудата.

Турците ќе ги пречекаат Швеѓаните во Ескишехир и атмосферата ќе биде жешка, со оглед на тоа дека националниот тим има ретка прилика да игра надвор од Истанбул. Турција пред два месеца ја шокираше Шведска на гости со 3-2, со пресврт по негативата од 0-2, и два гола во 88-мата и во 92-рата минута. „Викинзите“ не го заборавија тоа и ќе пробаат да се реваншираат.

Шведска има серија од пет натпревари по ред без победа и се бори за да избегне испаѓање во понизок ранг во Лигата на нациите.

Четири дуели, меѓу кои и Германија – Холандија, во понеделник од 20.45 часот може да им донесат среќа на многу прогнозери.

По успешната прогноза ќе ви се прикажат вашите типувања. Сите прогнози за тековното коло, вклучувајќи ја и вашата, можете да ги погледнете тука.

 

- Оглас -

Најнови вести