Новото коло и новите возбудување на Спортска прогноза започнуваат денеска. Во 15 часот е закажан стартот на дуелот Торино – Аталанта во италијанската Серија А, а тоа е и последниот термин до кога може бесплатно да ги дадете вашите типови на вкупно 13 понудени парови, плус двете резервни средби.
Доколку успеете да ги погодите сите 13 мечеви кои се на понудата, односно освоите „Среќна 13-ка“, следува подарок iPhone XS. Тоа е еден од најновите и најскапите мобилни телефони, а Вие имаше можност да го добиете бесплатно, само доколку имате знаење и среќа во прогнозирањето.
Дури и да имате еден утнат пар, повторно следува мобилен телефон, и тоа Samsung Galaxy A6. Ваков подарок веќе си доби Игор Данилов од Струмица, кој имаше 12 погодени мечеви пред две кола.
Освен мобилните телефони, како подароци има и вредносни ваучери од спортските обложувалници на Sport Life. Со 11 погодени парови следува ваучер од 500 денари, а 10-ка носи ваучер од 200 денари.
Спортска прогноза бара и константност во играњето, односно да не се прескокне ниту едно коло, за да се биде во што е можна позиција за Генерален пласман, каде што има уште подароци за најдобрите. Спортманија ви ја нуди единствената можност за Спортска прогноза и затоа не чекајте, туку прогнозирајте.