Спортската прогноза нуди огромен предизвик, треба да се погодат четири дербија ширум Европа

Новото 31-во коло на бесплатната Спортска прогноза носи вистински предизвик за прогнозерите – 13 меча меѓу кои се вклучени и четири големи дерби-судири што ќе привлечат огромно внимание на фудбалската јавност. Последниот рок за уплата е сабота, 15.30 часот.

Најмногу се зборува за вечниот шпански класик – Барселона против Реал Мадрид, популарното Ел Класико. Натпревар кој секогаш носи страст, неизвесност и глобално внимание. Каталонците се домаќини и според досегашните прогнози, малку повеќе од 50% од играчите сметаат дека Барселона ќе излезе како победник. Од друга страна, околу 25% веруваат дека Кралевите „ќе ги освојат трите бода на „Камп ноу“.

Иако Ливерпул веќе ја обезбеди титулата во Премиер лигата, дуелот со Арсенал на „Енфилд“ и понатаму има тежина. Црвените ќе играат без резултатски притисок, но со желба да ја потврдат доминацијата. Над 60% од прогнозерите предвидуваат домашна победа, додека само околу 10% сметаат дека Арсенал ќе направи изненадување. Останатите се надеваат на реми исход.

Во Серија А, Лацио го пречекува Јувентус во меч кој често знае да заврши без победник. И ова коло прогнозерите ја продолжуваат таа традиција – најголем дел од нив очекуваат нерешен резултат.

Во Германија, Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд ќе одмерат сили во меч со голема тежина за пласманот на табелата.

Целта на секој прогнозер е јасна – да ги погоди сите 13 меча. Тоа носи можност за вредна награда по избор: Samsung Smart TV 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет или PlayStation®5. За 12 погодоци следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а за 11 погодоци ваучер од 500 денари. Освен што е вистински адреналин, оваа прогноза претставува и можност за фантастична награда.

- Оглас -

Најнови вести