Спортскиот директор на Баерн за Кимих: „Никој не е над клубот!“

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл, ја коментираше одлуката на клубот да ја повлече понудата за продолжување на договорот со Џошуа Кимих. Фудбалерот има договор до крајот на оваа сезона, а иако му беше понудено продолжување, тој сепак не даде никаков одговор на понудата.

„Генерално кажано, никој не е над клубот. Ако играчот одлучи поинаку, тогаш тоа е тоа. Работите ќе продолжат на ист начин во Баерн. Во моментов не сме во таа фаза со Кимих.“ – рече Еберл за „Билд“.

Сепак германските медиуми најавуваат дека можен е договор, иако понудата во моментов е повлечена.

- Оглас -

Најнови вести