Спречен голем инцидент на ЕП: Неовластени лице се шетале низ хотелот на Србија (Фото)

Српските медиуми пренесуваат дека доцна синоќа во хотелот во Аугсбург во кој е сместена репрезентацијата на Србија бил спречен голем инцидент, откако три неовластени и сомнителни лица се шетале низ хотелот. Од фотографиите се гледа дека лицата немаат навивачки обележја, но припадниците на МВР на Србија морале да интервенираат и да ги исфрлат од хотелот непоканетите гости.

Било утврдено дека лицата не се дел од организацијата, ниту пак гости на хотелот, а не е познато како успеале да влезат во хотелот. Србите и претходно информираа за провокации и обиди за упад од страна на албански навивачи, но во тие случаи лицата носеле навивачки реквизити, што не е случај со последниот инцидент.

- Оглас -

Најнови вести