Срам за фудбалот во Англија: ѕверски фаул му ја заврши сезоната на 17-годишник од Лестер (Видео)

Англиската фудбалска јавност е во шок, доаѓа осуда од повеќе страни за стартот кој предизвика сериозна повреда на 17-годишниот Вил Алвес од Лестер, за кого сезонава е завршена.

На мечот од младинскиот ФА куп помеѓу Лестер и Вулверхемптон, Кејден Воис од Вулфс направи крајно неспортски прекршок над Алвес и веднаш доби црвен картон, по што настана мешаница на терен. Алвес има скинати предни вкрстени лигаменти на коленото и му претстои пауза од околу девет месеци.

Менаџерот на првиот тим на Лестер, Брендан Роџерс, добро го знае Алвес, неодамна му даде шанса да дебитира за сениорскиот тим на Лисиците во Лига купот, а рече дека ова е еден од најгрубите стартови кои ги видел во кариерата.

Срамно е 17-годишник да прави вакви фаули во кои намерата не е да се шутне топката, туку да се повреди противникот.

https://twitter.com/i/status/1606282846133309440

- Оглас -

Најнови вести