Срам за земјата која е колевка на фудбалот: Губеа, а не сакаа да нападнат, туку стоеја и се смееја (Видео)

Гилингам го победи Лејтон ориент со 2-0 во дуел од англиската Лига 2, која е четврта по ранг, а на оваа средба финишот личеше на циркус наместо на фудбалски меч.

Фудбалерите стоеја, тимот кој губеше не се обидуваше да ја одземе топката и да нападне, а тимот кој водеше немаше амбиција да даде и трет гол, па последните десетина минути поминаа едноставно во чекање судијата да отсвири крај.

Навивачите пееја, а коментаторите и некои од играчите се смееја. Екипата на Лејтон дозна дека Брадфорд примил гол од Свиндон и тоа значеше дека Лејтон Ориент сигурно оди во Лига 1.

Еве како изгледаше мечот откако Лејтон дозна дека може да си дозволи и пораз:

- Оглас -

Најнови вести