Срамниот инцидент во Абуџа однесе и човечки живот, до смрт е претепан докторот Џозеф Кабунго (Фото)

Големиот инцидент и дивеењето на навивачите на Нигерија е срам за фудбалот, а има и огромни последици откако докторот од Замбија, Џозеф Кабунго, почина.

Тој бил претепан на теренот во инвазијата од трибините и загубил свест. Кабунго е доктор кој бил задолжен од ФИФА за допинг-контрола, но по трагичниот настан го загуби животот.

Од теренот гостите од Гана успеале да го донесат до соблекувалната и да му пружат помош, потоа бил префрлен во болница, каде што им подлегнал на повредите.

Нигерија испадна во финалниот бараж двомеч со Гана по ремито вчера во реваншот од 1:1.

Првиот меч заврши без голови и Гана се пласира на Мундијалот во Катар, благодарение на правилото на ФИФА за гол повеќе постигнат на гости што сè уште важи, а УЕФА го укина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести