Данска успеа по две продолженија да ја победи Франција со 35:32 во меч за третото место на Европското првенство и ја освои бронзата.
Во регуларниот дел од 60 минути мечот заврши нерешено, 29:29, а во следните 10 минути, или двапати по пет Данците беа подобри со 6:3 и го освоија третото место.
https://twitter.com/EHFEURO/status/1487820386972672004?s=20&t=5PmTBqDkvB0LJc1344eWLQ
Холм со 10 погодоци беше најефиксен во малото финале, а за Франција најефикасни беа Мае со 8 гола и Дескат со 7 погодоци.
Од 18 часот ќе се игра финалето за нов европски првак меѓу Шпанија и Шведска.