Данска и Франција ќе излезат на бис, ќе има продолженија во меч за бронзениот медал на ЕП (Видео)

Данска и Франција одиграа возбудливи 60 минути во мечза бронзата на Европското првенство во ракомет и мечот заврши без победник, 29:29, па ќе се играат продолженија од двапати по пет минути.

Данците го имаа последниот напад за победа, но не погодија, па ќе има нова драма за третото место во Будимпешта.

Претходно, Данците неочекувано во сомнителни околности загубија од истиот ривал во послендиот меч од Втората фаза, иако водеа со пет гола разлика во самиот финиш, па со пораз од 30:31 дозволија и Французите со нив да одат во полуфиналето на сметка на Исланд.

Потоа и двете селекции загубија во полуфиналето и денеска играа меч за третото место.

 

Од 18 часот вечерва ќе се игра големото финале меѓу Шпанија и Шведска.

 

- Оглас -

Најнови вести