Чудните свирежи од трибините на „Сан Сиро“ кон голманот Џанлуиџи Донарума, но и поразот од Шпанија со 1:2, ја поделија Италија, а на социјалните мрежи има многу реакции.
Нетрпеливоста од страна на навивачите на Милан кон јунакот на Италија, кој бранеше извонредно на Европското првенство летово и е меѓу најзаслужните за титулата на Аѕурите, предизвика голема бура на Чизмата.
Поделбата сега е навивачи на Милан против сите останати љубители на фудбалот во Италија.
Коментарите се дека ова е голем срам за Италија, особено за навивачи кои симпатизираат клуб со огромна традиција каква што има Милан.
Донарума беше дочекан на нож на „Сан Сиро“, а причината е јасна, заминувањето во Пари Сен Жермен ова лето, откако одби да го продолжи договорот со Милан.
Donnarumma getting whistled on his first touch of the game vs Spain at San Siro from soccer
Навивачите на Милан постојано му свиреа, што наиде на осуда од сите останати симпатизери на Италија. Аѕурите претрпеа пораз од Шпанците, а урнати им се неколку рекорди.
Ова е прв пораз на Италија како домаќин на стадионот „Сан Сиро“ што постои од 1925 година. Прекината им е и рекордната серија во историјата на фудбалот со 37 меча без пораз.
Ова е и прв пораз на актуелните европски прваци на домашен терен во овој милениум, а последна на триумф во Италија се радуваше репрезентацијата на Данска во 1999 година.
И Донарума не го издржа притисокот и свирежите од трибините, па за првпат како голман на Италија во 38-миот меч прими повеќе од еден гол.
https://twitter.com/IntChampionsCup/status/1445858904488005632?s=20
Сега Италија ќе се пресели во Торино, каде што во недела ќе го игра мечот за третото место во Лигата на нациите против поразената репрезентација од утрешното полуфинале меѓу Франција и Белгија.